Хорор во Шпанија: Тинејџер (15) си ги уби родителите и братот поради лошите оценки

Полиција во Шпанија/ Фото EPA-EFE/VICTOR LERENA

Момче на возраст од 15 години во вторникот ги уби родителите и помалиот брат во нивниот дом во близина на шпанскиот град Аликанте, наводно по расправија поради слабите оценки, соопштено е денеска.

15-годишникот прво ја застрелал мајка си со ловечката пушка на татко му, по што го убил својот помал брат, соопшти полицијата. Таткото во тоа време не бил дома, а откако се вратил два часа подоцна, тинејџерот го убил и него.

Трагедијата се случила во нивната семејна куќа во вторникот. Семејството живеело во близина на градот Аликанте. Според полицијата, тинејџерот ги сокрил телата во блиската барака.

После тоа тој останал во куќата три дена, до петокот кога во посета на семејството дошле две тетки на момчето. Според регионалниот весник Диарио Леванте, момчето подоцна го признало делото.

Тамошните медиуми пишуваат дека момчето се скарало со родителите бидејќи му забраниле пристап на интернет поради слабите оценки. Полицијата се’ уште не ги потврди овие наводи, велејќи дека истрагата е во тек. Од полицијата само потврдија дека тинејџерот моментално е во притвор и дека го признал делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот