Хорхе Мартин најдобар на спринтот во Сан Марино

фото: EPA-EFE/DANILO DI GIOVANNI

Членот на „Прамак Дукати“, Хорхе Мартин е победник на спринтот пред Мото ГП трката за Големата награда на Сан Марино. Мартин на патеката Мизано стигна до својата трета победа сезонава во спринт.

Тој славеше пред возачот на „ВР46“ тимот Марко Бецеки, кој низ целта помина со 1,445 секунда заостанување зад победникот.

Третото место во спринтот го освои актуелниот светски шампион Франческо Бањаја од „Дукати“, кој зад победникот заостана 4,582 секунди.

Во генералниот пласман води Бањаја со 267 бодови, пред Мартин со 222, а трет е Бецеки со 198.

Трката за ГН Сан Марино ќе се вози в недела од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот