Холанѓаните одлучија дербито Ајакс – Феенорд да продолжи в среда

фото: EPA-EFE/ANP

Фудбалската асоцијација на Холандија (КНВБ) денеска соопшти дека прекинатиот натпревар од шестото коло на националното првенство меѓу Ајакс и Феенорд ќе продолжи во среда на 27 септември во 14.00 часот на „Јохан Кројф Арената“, но без присуство на навивачите.

Натпреварот меѓу Ајакс и Феенорд вчера беше прекинат во 55 минута поради инциденти предизвикани од навивачите на домашниот тим.

Феенорд водеше со 3:0, а навивачите на Ајакс фрлаа факели и тврди предмети на теренот.

Во соопштението се наведува дека Одборот за фудбалски натпреварувања одлучи натпреварот да продолжи од 55 минута, бидејќи основен принцип е холандското првенство да биде што е можно поредовно и победникот да се решава на теренот. Терминот за продолжувањето на овој дуел е договорен со градските власти на Амстердам.

Ајакс објави дека не се согласува со одлуката на првиот човек на КНВБ да го продолжи мечот со Феенорд во среда. Од Ајакс тврдат дека овој дуел треба да се одигра најрано во првата недела од ноември. Исто така, првите луѓе на Ајакс најавија жалба на одлуката на КНВБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот