Холандска закуска: Ќофтиња од месо и компир

Фото: Stuart Forster / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ќофтињата се превкусна мала закуска која се служи во Холандија, каде луѓето вообичаено ги консумираат со кригла пиво.

„Bitterballen“ најчесто се прават од говедско месо, кое се обликува во топчиња и потоа се пржат додека не станат крцкави. По желба, некои готвачи додаваат компири и печурки во смесата.

Фото: Stuart Forster / Shutterstock Editorial / Profimedia

Потребни состојки:

  • 3 лажици путер
  • 100 гр кромид
  • 100 гр печурки
  • 200 гр мелено говедско месо
  • 40 гр брашно
  • 250 мл млеко
  • 400 гр компири
  • 2 лажички морско оревче
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка бел пипер
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 40 гр сирење (чедар)
  • масло за пржење
  • 2 шолјички лебни трошки
  • 3 јајца

Сос:

  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици чили-сос по избор

Подготовка:

Сварете ги компирите и испасирајте ги во пире.

Растопете го путерот во тава на средна топлина. Потоа, пропржете го сечканиот кромид и додадете ги ситно сечканите печурки. Додадете го меленото говедско месо и пржете го додека не ја изгуби својата розева боја. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не се соедини. Полека сипете го млекото и продолжете со мешање додека сосот не стане густ.

Потоа, додадете ги пирето од компири, морското оревче, солта, биберот, шеќерот и ренданиот чедар. Добро измешајте и гответе додека не испари вишокот течност. Исклучете го огнот и оставете ја тавата на страна додека малку да се излади.

Обликувајте топчиња: Земете една лажица од смесата и обликувајте топче. Ставете го во лебни трошки, па во изматените јајца и потоа уште еднаш во лебните трошки.

Загрејте го маслото и пржете ги топчињата во врело масло додека не поруменат и не станат крцкави. Исцедете ги на решетка.

Послужете со мајонез и чили-сос.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот