Холандија е најинклузивна земја на светот, Македонија е на осумдесетото место

Холандија е најтолерантна земја во светот, покажува извештајот за Индекс за инклузивност за 2019 година, изработен од Универзитетот во Калифорнија.

Македонија е рангирана на 80. место од вкупно 132 држави кои се оценувани оваа година.

После Холандија следуваат Шведска, Норвешка, Португалија, Ирска, велика Британија, Канада, Финска, Луксембург и Данска. При врвот се и Германија, Австрија, Белгија и Австралија.

Од државите во регионот, најдоброрангирана е Хрватска, која се наоѓа на 13. место. Потоа следува Албанија (18), Словенија (30), Србија (40), Босна и Херцеговина (45) и Црна Гора на 81 место.

Најмалку инклузивни земји во светот се Јемен, Ирак, Судан, Мароко и Руанда.

Индексот на инклузивност е сеопфатен извештај за состојбата со инклузијата во светот. Главни параметри кои се оценуваат се инклузивност на граѓаните во однос на пол, инвалидитет, раса, етничка и религиска припадност и во други области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот