Хокаидо се соочува со нов бран на Ковид-19

Јапонскиот регион Хокаидо се соочува со нов бран на епидемијата Ковид-19.

Постапувајќи независно од централните власти, регионот Хокаидо беше првиот во земјата што воведе вонредна состојба, со агресивно следење и изолирање на секој што беше во контакт со вирусот.

Ова даде резултати и укината е вонредната состојба, но потребата за нејзино воведување сега повторно се појави, бидејќи се зголемува бројот на нови случаи на заразени со коронавирус, иако овојпат не може да се каже дека заразата е од луѓе кои дошле од странство, јави Би-Би-Си.

Како што е наведено, причината е во тоа што по почетната добра локализација на заразата преку поголема група луѓе не следеше масовно тестирање со што би се стекнал увид во ширењето на инфекцијата, особено од другите делови на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот