Хоџа и Нуредини на средба со претставници на турската агенција ТАРСИМ: Воспоставување на систем на земјоделско осигурување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини остварија средба со претставници на турската агенција за земјоделско осигурување ТАРСИМ.

На средбата беше презентиран начинот на функционирање ТАРСИМ и беше договорена соработка за техничка помош со која ќе се воспостави земјоделски осигурителен систем во Северна Македонија.

Воедно беше договорено да се формираат работни групи со претставници од двете страни со цел да се започне процес на воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата држава.

Овој систем ќе понуди долгорочно решение за проблемите што произлегуваат од природни непогоди и климатски промени кои се појаваат во земјоделскиот сектор, но и унапредување на осигурителниот сектор во делот земјоделство во Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот