Хип-хоп легендата нема издадено албум од 2015, а е најплатениот музичар оваа декада!

Instagram

Повеќето приходи на славниот рапер, продуцент и претприемач, дошле од неговиот удел во компанијата Beats која произведува слушалки, а која гигантот Apple ја купи во 2014 за неверојатни 3 милијарди долари.

Форбс традиционално објави листа на најплатени ѕвезди во годината, но и онаа на деценијата. Оваа година вторпат во 5 години, на прво место на годишната листа на Форбс се најде пејачката Тејлор Свифт, која заработила дури 185 милиони од новиот албум и турнеја во 2019 година, но на листата на деценијата, сепак се најде хип-хоп легендата Доктор Дре.

View this post on Instagram

feeling myself today

A post shared by Dr. Dre (@drdre) on

Интересно е тоа што тој не памти кога последен пат бил на турнеја, а последниот сопствен студиски албум го издал во 2015 година. Сепак, во последните 10 години заработил скоро милијарда долари (950милиони), а Тејлор се најде на второто место со 825 милиони долари.

Повеќето приходи на славниот рапер, продуцент и претприемач, дошле од неговиот удел во компанијата Beats која произведува слушалки, а која гигантот Apple ја купи во 2014 за неверојатни 3 милијарди долари.

Бијонсе на 3-то место заработила 685 милиони долари, четврти по заработка се ирските рокери U2 со 675 милиони долари, на 5-то место е раперот Диди со 605 милиони, а во топ 10 се најдоа Елтон Џон (565 милиони), Пол Меккартни (535 милиони), Кети Пери (530 милиони) и Лејди Гага (500 милиони).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот