Хидрирајте ја кожата постојано, не само кога изгледа сува

Нашата кожа ни праќа сигнали за својата состојба, а дехидрираноста и чувството на сува, исперутана, чувствителна и кожа која чеша на телото и лицето се едни од нив. Недостатокот на хидратација води кон лупење и чувствителност на кожата. Ако ги видите овие симптоми, значи дека кожата не е доволно хидрирана.

Секако, најдобрата превентивна мерка е да реагирате пред да се појават знаците. Хидратацијата е една од најважните клучни точки во корејската нега на кожата. Не заборавајте дека и на мрсната кожа ѝ е потребна хидратација за да се избегне создавањето на прекумерен себум. Тајната лежи во познавањето на продуктите што треба да се користат за хидратација на кожата.

„ЕДНОСТАВНО, НО ДОВОЛНО“, Dear, Klairs

„Едноставно, но доволно“ е слоганот на корејскиот бренд Klairs. “Dear, Klairs”, е бренд кој се фокусира на функционални производи за нега на чувствителната кожа. Тој ја лансираше својата „Fundamental Line“ на производи за нега на кожа, направена со премиум формулација. Производите на „Klairs“ се богати со состојки што овозможуваат зголемена хидратациjа, антиоксидантни и антиејџинг ефекти.  Особено, овој бренд кој е пријател на веганите, не спроведува тестирање на животни и не употребува состојки од животни. Сите производи на „Klairs“ се погодни за употреба и на чувствителна кожа, а секој што сака пријатна хидратација и удобност, може да ги користи.

ШТО ЈА ПРАВИ ПОСЕБНА ОВАА ФУНДАМЕНТАЛНА ЛИНИЈА (Fundamental  Line) НА KLAIRS?

„Добро избалансирани козметички продукти со различна текстура“ – ова е тоа што ја дефинира фундаменталната линија (Fundamental Line) од „Klairs“. Извонредната разлика што ќе ја забележите во оваа линија се состои во тоа што доаѓа во текстура што го разбива стереотипот на текстура меѓу различните категории производи.

ЗОШТО ДА ЈА ОДБЕРЕТЕ ФУНДАМЕНТАЛНАТА ЛИНИЈА (Fundamental  Line) НА KLAIRS?

Сфатете го тоа како линија од „Klairs“ што може да ги задоволи вашите најсуштински потреби за нега на кожата. Бидејќи една од најкритичните основни грижи кои ѝ се потребни на кожата 24/7 е „хидратација“, а сите производи од фундаменталната линија, без оглед на категоријата, се „хидратантни“. Без разлика дали станува збор за ампула или крем за очи, ако Ви е потребна хидратација на Вашата кожата, погледнете ја „фундаменталната линија“ на „Klairs“. Производите од оваа линија се развиени низ долг процес на истражување и експериментирање и се создадени со високи концентрации на добро селектирани високо навлажнувачки состојки, екстрахирани од растенија.

Од оваа линија, „Олпео“ Ви ја препорачува Klairs Fundamental Water Gel Cream, кој претставува совршена рамнотежа помеѓу лесен и богат хидратантен крем со уникатна текстура од типот на гел. Како дел од фундаменталната линија, ја обезбедува вашата основна хидратантна нега на кожата и го спречува губењето на влага, топејќи се во кожата без да остави мрсна и леплива трага. Содржи екстракт од лист од зелен чај (63,7%) од островот Џеџу, пантенол, и хијалуронска киселина со што овозможува богата влажност, смирување на кожата, ефективна антиоксидантна нега и осветлување на кожата. Хидратантниот зелен чај е преполн со аминокиселини и антиоксиданти кои на кожата ѝ го враќаат нејзиниот природен сјај. Природните екстракти продираат во длабокиот слој на кожата и ја негуваат и ја зајакнуваат бариерата на кожата. Погоден е за сите типови на кожа, особено за масна-дехидрирана кожа.

Следниот предлог од фундаменталната линија е Klairs Fundamental Watery Oil Drop, кој иако содржи „масло“ во своето име, всушност е навлажнувачки серум на водена база со специфична лизгава текстура. На кожата ѝ овозможува моќно антиоксидантно дејство благодарение на комплексот од ориентални чаеви, церамиди, хијалуронска киселина и неколку филтрати на ферменти и пептиди кои обезбедуваат суштинска нега на кожата. Оваа избалансирана формула ја комбинира енергијата на серумите и богатството на маслата со есенцијалната вода од зелен чај со потекло од островот Џеџу. Формулиран е за суви типови на кожа, а неговата лесна текстура брзо се впива во кожата без да остави леплива трага. Помага во одржување на кожата здрава, ѝ дава богата хидратација, која е доволна без додавање на дополнителни навлажнувачи.

Кога станува збор за нега на лицето, не смееме да ја запоставиме областа околу очите. Кожата околу очите е тенка, нежна, чувствителна и склона кон брчки. Затоа за нејзиното одржување е потребен посебен третман. Доколку сакате да ја намалите подуеноста, темните кругови, да ја подобрите текстурата и тенот и да ја спречите појавата на брчките на кожата околу очите, сакаме да Ви го препорачаме Fundamental Awakening Eye Gel на „Klairs“. Тоа е гел кој содржи потентни дози на антиоксиданти како богати екстракти од чај и бакарни пептиди кои со своето взаемно дејство на кожата околу очите ѝ даваат здрав изглед. Овој гел е богат со кофеин и екстракт од црвен грав кои ја намалуваат подуеноста и темните кругови. Пептидите ја спречуваат појавата на брчки, а маслото од арган, маслото од јојоба и екстратот од зелен чај на кожата ѝ овозможуваат дополнителна нега.

„Олпео“, специјализирана продавница за корејска козметика

„Oлпео“ е продавница специјализирана за корејска козметика отворена во февруари 2019 година и е единствена од ваков тип во нашата земја. „Олпео“ нуди избор од над 300 производи од 12 корејски брендови, со кои можете да ја практикувате познатата корејска рутина за нега во повеќе чекори. Продажните салони на „Олпео“ се во ГТЦ во Скопје на првиот кат и Палма мол во Тетово. Производите може да ги нарачате онлајн на www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот