Харис ги осуди „вознемирувачките“ потези на Кина на Пацификот

Камала Харис/ Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Американската потпретседателка Камала Харис ги осуди „вознемирувачките“ акции на Кина на Пацификот, ветувајќи дека ќе ги продлабочи „неофицијалните врски“ со Тајван, неколку дена откако американската администрација објави дека нејзините сили ќе го бранат островот.

„Кина ги поткопува клучните елементи на меѓународниот поредок заснован на правила“, рече Харис.

„Кина ја користи својата воена и економска моќ за да ги принуди и заплаши своите соседи. И бевме сведоци на вознемирувачко однесување во Источното Кинеско Море и во Јужното Кинеско Море, а неодамна, на провокации преку Тајванскиот теснец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот