Хари Кејн брзо ја сфати разликата помеѓу Баерн и Тотенхем

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Хари Кејн (30) летово го напушти Тотенхем за да се бори за своите први големи трофеи во кариерата и се чини дека не можеше да избере подобар следен клуб.

Го засили славниот Баерн, веднаш покажа дека е големо засилување, а воедно не му требаше многу за да ја сфати разликата меѓу двата клуба.

– Во Баерн има многу поголем притисок од она на кое сум навикнат. Се разбира, во Тотенхем сите сакавме да победиме, но ако не го направивме тоа на неколку натпревари, никој не мислеше дека тоа е катастрофа – рече Кејн.

Сега сè е поинаку во германскиот Минхен.

– Во Баерн треба да се победи на секој натпревар. Во првите два натпревари победивме со 4:0 и 3:1, но луѓето сè уште зборуваат дали игравме добро. Тоа е дел од овој клуб, затоа е еден од најголемите во светот – вели англискиот репрезентативец.

Кејн моментно се наоѓа во Вроцлав, Полска, каде Англија денеска од 18.00 часот ќе игра против Украина во квалификациите за Европското првенство 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот