Хаос во Мексико: Приведени полицајци за смртта на млад човек во полициски притвор (ФОТО+ВИДЕО)

6 јуни, протести во Мексико EPA-EFE/Sáshenka Gutiérrez

За време на протестот во Мексико Сити поради полициската бруталност, демонстрантите фрлаа камења кон зградата на американската амбасада во Мексико.

6 јуни, протести во Мексико EPA-EFE/FRANCISCO GUASCO

Во исто време, властите уапсија тројца полицајци за да ја ублажат огорченоста и гневот на граѓаните поради смртта на еден млад човек во полициски притвор во Гвадалахара, пренесе Ројтерс.

Околностите за смртта на Лопез се нејасни, но видеото што беше дистрибуирано на социјалните мрежи покажува дека полицијата привела млад човек, кој бил идентификуван како Лопез.

6 јуни, протести во Мексико EPA-EFE/Jose Pazos

Неофицијално, Лопез бил уапсен затоа што не носел заштитна маска, а демонстрантите во знак на протест запалија и уништија полициски возила и објекти.

6 јуни, протести во Мексико EPA-EFE/Jose Pazos

Јавниот обвинител Џерардо Солис изјави дека тројца полицајци биле лишени од слобода поради смртта на Лопез.

6 јуни протести во Мексико, EPA-EFE/Jose Pazos

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот