Хали Бери се откажa од улогата на трансродов маж (ВИДЕО)

Instagram

Американската актерка Хали Бери (53) се откажа од улогата во новиот филм, во кој требаше да игра трансродов маж.

Таа јавно се извини за нејзината одлука. Ја опиша оваа потенцијална улога како „лик во кој жената е транс-карактер, односно жена која транзитирала во маж“.

Хали Бери во „Die Another Day“

Кога режисерите за улогите на трансродовите луѓе на аудицијата бараат обични актери, тоа остава погрешен впечаток на публиката, а автоматски се уништува приликата за кариера на некој транс-актер“, наведе Бери со вклучување во живо на својот инстаграм-профил.

Instagram

Нејзините зборови веднаш станаа вирални, што доведе до тоа Бери да ја откаже улогата во филмот. Сличнa ситуација имаше Скарлет Јохансон, која на истиот начин се повлече од улогата на транс маж минатата година.

Бери слушанала разни критики пред да ја донесе одлуката и го објави извинувањето на Твитер, наведувајќи дека веќе не размислува да ја прифати улогата.

принтскрин/Youtube

Сега разбирам дека воопшто не требаше да размислувам за оваа улога“, напиша Бери, која веќе се подготвуваше за филмот, но официјално не го потпиша договорот.

Хали Бери во „Frankie and Alice: True story“

Овој нејзин потег може да ги охрабри сите филмски продуценти да имаат различни критериуми, за во иднина да направат повнимателен избор на актери за ваквите улоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот