Хакери се обиделе да ја затрујат водата за пиење во Флорида

Фото : Архива

Хакери упаднале во системот за снабдување со вода во градот Олдсмар во американската сојузна држава Флорида и се обиделе да ја затрујат водата, соопшти локалната полиција.

Хакерите го зголемиле количеството на содијум-хидроксид, што се додава во водата во мали количини поради регулирање на киселоста, но е опасен над дозволеното ниво.

Хакерскиот напад бил на време откриен и количината на содијум-хидроксид што продрел во водата е мининална.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и тајната служба ќе го истражат случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот