Хакери од Иран објавија нови информации за албански функционери, судии и обвинители

Хакери Фејсбук/ Фото: Michael Weber / imageBROKER / Profimedia

Хакерската група „Татковинска правда“, за која се смета дека е лијална на властите во Иран, денеска објави нови информации за функционери во албанските министерства и државни институции.
Во содржината објавена на мрежата Телеграм ги има нивните имиња, други чувствителни податоци, како и нивни банкарски сметки од банка која работи во земјата, а била хакирана вчера.

– Во списокот со имиња можеме да видиме ликови со важен политички статус, но и во правосудните институции. Во некои папки стои името на шефицата на албанското биро за истраги, Аида Хајнај, нејзините лични податоци како и податоци од нејзината банкарска сметка. Има податоци и за некои функционери на државната полиција како Арди Велиу, Гледис Нано. На овој список се наведени и имињата и личните податоци на членовите на Високиот судски совет, како и на дел од пратениците, јави Ора њуз.

Најголем дел од списокот на функционери, кои имаат сметка во оваа второстепена банка, го заземаат лица кои работат во обвинителствата и судовите.

Според истиот извор, во врска со кибер-напад врз нејзиниот систем, вчера се огласија и банката која им “гарантира на своите клиенти да не се грижат, бидејќи нивните пари се безбедни”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот