Хакери го нападнаа Ватикан

Хакери/ Фото: ЕПА

Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е згасната по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква.

„Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни“, без да даде дополнителни детали.

Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва го критикуваше папата Франциск за неговата осуда на рускиот напад врз Украина.

Во интервју за списанието „Језуит”, папата ги издвои војниците од Чеченија и другите етнички малцинства од Русија, посочувајќи ја нивната особена „бруталност” за време на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот