Хајди Ферер посегна по својот живот: Сценаристка на култната серија „Dawson’s Creek“ страдала од постковид симптоми и депресија

Instagram
Instagram

Хајди Ферер (50), сценаристката на култната серија „Dawson’s Creek“, изврши самоубиство. Ферер страдала од постковид симптоми и депресија.

Нејзиниот сопруг ја потврдил тажната вест, која ја објавил на блогот на неговата сопруга, како и на Твитер. Тој исто така потврдил дека станува збор за самоубиство.


Влијанието на короната врз менталното здравје на луѓето не е занемарливо. Многумина станаа поранливи за време на пандемијата, а за некои луѓе целата ситуација предизвика посериозни здравствени проблеми. Психолозите стравуваат дека оваа ситуација може да трае, а Стивен Тајлер, автор на „Пандемична психологија“, тврди дека „за дел од населението кое сочинува можеби 10 до 15 проценти од луѓето, животот нема да се врати во нормала“, токму поради влијанието од пандемијата врз нивното ментално здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Серијата „Светот на Досон“ беше популарна пред 20 години, а сега е достапна на Нетфликсод пред неколку дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ses Magazin (@sesmagazin)


Серијата ги следеше авантурите на Досон Лири и неговите пријатели – Џои Потер (Кејти Холмс), Пејси Витер (Џошуа Џексон) и Џен Линдли (Мишел Вилијамс). Сите млади актери по серијата изградија успешна кариера во Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот