Гвинет Палтроу објасни зошто засекогаш на глумата ѝ кажа збогум! (ФОТО)

принтскрин

Ѕвездата од филмовите „Заљубениот Шекспир“ и „Se7en“ кажала дека на почетокот на кариерата снимала од три до пет филмови годишно и дека поради тоа е дојдена до ситуација да и биде мака кога треба да оди на сет.

Американската актерка и пејачка Гвинет Палтроу (47) изјавила дека никогаш повеќе нема да се враќа во глумата, бидејќи како што рекла, поради честите снимања и преголемите обврски – „прегорела“.

Ѕвездата од филмовите „Заљубениот Шекспир“ и „Se7en“ кажала дека на почетокот на кариерата снимала од три до пет филмови годишно и дека поради тоа е дојдена до ситуација да и биде мака кога треба да оди на сет.

– Додека глумев активно, во еден момент навистина прегорев. Кога мојата кариера тргна, снимав од три до пет филмови годишно. Во тој период дојдов до точка во која ми беше проблематично да направам и најмали работи како што се шминкањето, поправката на фризурата на снимање, па дури и доаѓање на сет. Не знаев како ќе го поднесам сето тоа – раскажала актерката.

 

View this post on Instagram

 

Work from phone (wearing a G.Label Sharis Chambray Dress ?). Link in bio.

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

Актерката раскажала која била капката која ја прелила чашата и ја натерало да донесе одлука да ги напушти филмските сетови.

– Последен филм во кој бев главна ѕвезда беше „Proof“. Тогаш бев бремена со ќерката и во еден момент сфатив дека е тоа. Имав силни утрински болки, а дневно пет страници монолог. Кога ја добив ќерката, знаев дека ќе земам подолга пауза. И никогаш подоцна не прифатив главна улога во еден филм – открила Гвинет во интервју за магазинот „Harper’s Bazaar“.

Инаку, Гвинет беше една од актерките која се најде во средина на скандалот со филмскиот продуцент Харви Вајнстајн (68), кој е обвинет за сексуално злоставување на жени, а меѓу нив и многу славни дами.

Актерката благодарение на Вајнстајн ја добила улогата за филмот „Заљубениот Шекспир“, по кој многумина денес ја препознаваат.

– Беше насилник. Но, никогаш немав проблеми да му се спротиставам – -признала Гвинет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот