Гвардиола во Сити фрли 200 милиони евра само на штопери, го договори и Нејтан Аке

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Весникот „Гардијан“ тврди дека е завршена работата со дефанзивецот на Борнмут.

Пеп Гвардиола откако седи на клупата на Манчестер сити, највеќе пари потроши на реновирање на одбраната, а само на купување фудбалери кои играат штоперската позиција фрли 200 милиони долари.

Досега Гвардиола ги купи Ејмерик Лапорт за 65 милиони евра, Џон Стоунс за 55.6 милиони евра, Николас Отаменди за 44.5 милиони со што дојде до бројката од 165 милиони, а сè уште одбраната не е на нивото на таа на Ливерпул.

Поради тоа Гвардиола веќе тргна во нов шопинг и според „Гардијан“ го договори трансферот на штоперот на Борнмут, Нејтан Аке за кого ќе плати 38.75 милиини евра со што ќе ја надмине границата од 200 милиоини евра фрлени само за стопери.

Аке има одлична сезона во Борнмут и веќе го привлече вниманието на најдобрите англиски екипи. Иако се мислеше дека во во пол позиција се Манчестер јунајтед и Челси, Гвардиола и неговиот Манчестер сити најбрзо реагираа и според весникот, тие одлучија да ја платат сумата која ја бара Борнмут и се очекува по крајот на сезоната овој трансфер да се официјализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот