Гвардиола: Во ниту еден момент не мислев дека ќе победиме, Лајпциг никогаш не се откажува

фото: EPA-EFE/Andrew Yates

„Граѓаните“ доста убедливо со висок резултат 6:3 на домашен стартуваше успешно со триумф над Лајпциг во првото коло од Лигата на шампионите.

Англичаните одиграа еден возбудлив натпревар против Германците на стартот од елитното европско натпреваруваање,  а менаџерот на премиерлигашкиот шампион, Пеп Гвардиола, истакна дека во ниту еден момент не беше сигурен во победа над бундеслигашот:

– Лајпциг е тим кој никогаш не се откажува. Тие напаѓаат постојано, одат на сè или ништо. Во ниту еден момент не мислев дека го решивме натпреварот. Добро е што постигнавме голови брзо откако примавме и со тоа го спречивме ривалот посериозно да се закани – рече Гвардиола.

Сити својот следен предизвик ќе го има на домашната сцена против составот на Саутемптон:

– Во последните три натпревари на домашен терен постигнавме 16 голови. Би сакал повеќе луѓе да присуствуваат на следниот меч. Саутемптон доаѓа кај нас, кој е многу опасен. Ги поканувам сите фанови да дојдат и да нè поддржат – додава Шпанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот