Гваидо најави продолжување на протестите во Венецуела!

Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гваидо, нагласи дека ќе продолжи со протести откако разговорите со официјалните претставници на венецуелската влада во Норвешка завршија синоќа без напредок во решавањето на кризата во Венецуела.

На состанокот во Осло, делегатите на опозицијата ги повторија нивните апели до претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка и да дозволат преодна влада да одржи претседателски избори.

– Во моментов нема договор, така што нашата единствена шанса сега е да продолжиме со улични протести – изјави Гваидо за Фокс Биизнис Нетворк.

-Сакаме да го решиме конфликтот, додаде тој.

„Страните во преговорите покажаа подготвеност да напредуваат во потрагата по уставно решение преку преговори вклучувајќи ги политичките, економските и изборните прашања”, соопшти вчера норвешкото Министерство за надворешни работи.

„Со цел да се зачува процесот што може да даде резултати, страните се повикуваат да бидат исклучително внимателни со своите коментари и изјави за овој процес”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот