Гутереш повика на брзо испраќање мисија за поддршка на безбедноста на Хаити

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика новите власти на Хаити да го „забрзаат целосното спроведување на преодната влада“ и брзото распоредување на мултинационална безбедносна мисија на Хаити за справување со „ужасната“ ситуација, изјави денеска неговиот портпарол.

„Генералниот секретар ги повикува сите земји-членки да се погрижат мултинационалната мисија за поддршка на безбедноста да ја добие финансиската и логистичката поддршка што и е потребна за да успее“, рече портпаролот на ОН Стефан Дужарик, пренесе МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот