Гутереш е загрижен поради моќта на социјалните мрежи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е особено загрижен поради моќта на социјалните мрежи.

Тој оцени дека треба да се создаде законска рамка за да можат да се носат одлуки, како што е бришењето на налогот на Твитер на поранешниот претседател Доналд Трамп, во согласност со законот.

Гутереш, исто така, рече дека се надева оти ќе има „ресетирање” на односите меѓу ООН и Кина, нагласувајќи дека иако различни земји имаат различни ставови за човековите права, тие мора да работат заедно во борбата против климатските промени.

– Верувам дека постои област каде интересите се повеќе се среќаваат, а тоа е акција во борбата против климатските промени и апелирам до двете страни да се вклучат во овие области заедно со целата меѓународна заедница, рече Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот