Гутереш: Ако расизмот постои секаде, постои и во ОН

ОН изразија солидарност со американскиот народ кој излезе на улиците да демонстрира против расизмот и полициската бруталност, а генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш на својот Твитер профил напиша: „Ако расизмот постои секаде, постои и во ОН”.

– Борбата против расизмот е во суштината на нашата работа во ОН, но ако расизмот постои насекаде, постои и во ОН. Потребни ни се преиспитување, искреност и акција, напиша Гутереш.

Американската национална гарда и помага на полицијата да ги смири немирите, а полициски час досега е прогласен во 40 градови во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот