Ѓуровски: Членството во НАТО е придобивка, но и обврска

Влада на РСМ НАТО и македонија
Влада на РСМ / Фото: МИА

Кои се придобивките со членството во НАТО, на оваа тема вчера проректорот на УКЛО професорот Марјан Ѓуровски рече дека една од најголемите придобивки од целоснта интеграција во НАТО членсвото е зајакнување на безбедноста и суверенитетот на Република Македонија.

– Членството е придобивка, но и обврска. Најважно е Република Македонија да продолжи на својот пат кон реформите за одбранбената адаптација, за домашните реформи, особено владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата и другите преземени обврски на исполнување на стандардите во Армијата и подобрување на професионалниот и животен стандард на вработените во Армијата. Членството во НАТО не е крај на патувањето за Република Северна Македонија, туку почеток на нов маратон за Европската Унија – рече Ѓуровски.

На дебатата во Битола тој посочи дека членството во НАТО може да овозможи справување со заканите од трети земји.

„Развојот на капацитетите и размената на информациите овозможуваат справување со заканите. Државите од Западен Балкан, покрај заедничките проблеми, имаат и заеднички интереси и затоа, рече Ѓуровски, не треба да се дозволи статус кво на Балканот, бидејќи ќе создаде можност трети земји да остварат влијание во регионот. Академскиот настан во Битола се одржа со цел студентите да бидат запознаени со придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО“, рече Ѓуровски.

Дебатата со проректорот Ѓуровски се одржа во рамките на НАТО карванот кој поминува низ повеќе градови во земјава во организација на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции, Граѓанската асоцијација МОСТ, Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, британска амбасада во Скопје и Министерството за надворешни работи на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот