Ѓукановиќ: Ќе посочиме кој се пресметува со Црна Гора

Според него, „ова е само уште еден од поводите за напад на државата Црна Гора”, пренесе Радио телевизија Црна Гора.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ најави дека наредните пет дена ќе посочи кој „брутално се пресметува со Црна Гора за да продолжи да го злоупотребува имотот”.

– Верувам дека наредните денови ќе и посочиме на црногорската јавност кој всушност бртално се пресметува со Црна Гора за да продолжи да го злоупотребува имотот, рече Ѓукановиќ на седницата на Општинскиот одбор на ДПС во Цетиње.

Според него, „ова е само уште еден од поводите за напад на државата Црна Гора”, пренесе Радио телевизија Црна Гора.

Тој претходно на состанокот со Советот на млади на ДПС во Цетиње рече дека во европската држава Црна Гора црквата ќе има свое место, но дека ниту една верска заедница нема да доминира, туку сите ќе бидат рамноправни.

– Секој ќе се чувствува пријатно, и како верник и како граѓанин на Црна Гора, порача црногорскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот