Ѓукановиќ: Црна Гора да ги затвори границите и да ја забрза имунизацијата

Мило Ѓукановиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот Мило Ѓукановиќ побара затворање на границите на Црна Гора и забрзана имунизација затоа што, како што рече, здравјето на граѓаните е во сериозна опасност.

Ѓукановиќ рече дека бројот на починати е „страшен”, како и бројот на заразени од коронавирус, поради што е потребно навремено воведување и ефикасно спроведување на епидемиолошките мерки – затворање на границата за влез во државата без ПЦР-тест, како и забрзување на процесот на имунизација на населението.

Според него, за да успее тоа, како што рече, „мора да се издигнеме над сите поделби, да заборавиме на меѓусебните обвинувања и сите разлики и несогласувања од политичка и друга природа, да покажеме дека како општество сме дораснати на овој предизвик и времето во кое живееме “. 

– Тоа што во април или мај минатата година беше тажна вест во пријателски земји ширум светот со многу поголемо население, поради што испраќав изрази на сочувство и солидарност до шефовите на државите во име на граѓаните на Црна Гора и во мое лично име, сега е нашата трагична реалност, изјави црногорскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот