Гугл со заштеда од милијарда долари поради работењето од дома

Логото на Гугл / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Со олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот, се повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку интернет. Ова е многу добро за рекламниот бизнис на Гугл. Исто така, вработените во таа компанија сè уште работат од дома и не патуваат толку многу на службени патувања – што е повторно добро за деловното работење на Гугл.

Конгломератот „Алфабет”, кој инаку е сопственик на Гугл, во првиот квартал од годинава заштеди 268 милиони долари на патувања, промоции, забави, во споредба со истиот период минатата година, што е првенствено резултат на пандемијата, се наведува во извештајот на компанијата. Годишно, тоа би изнесувало повеќе од милијарда долари.

Всушност, „Алфабет” во својот годишен извештај претходно оваа година соопшти дека трошоците за рекламирање и промоција се намалиле за 1,4 милијарди долари во 2020 година, бидејќи компанијата ја намали потрошувачката, паузираше или презакажуваше кампањи, а некои настани ги измени во дигитални формати поради пандемијата. Трошоците за патувања и забави се намалија за 371 милион долари.

Заштедите компензирале многу од трошоците направени при вработување на уште илјадници работници.

Гугл е познат по придобивките кои им ги нуди на работниците, како што се кревети за масажа, ресторани, корпоративни годишни одмори. Сега повеќето работници на Гугл работат од дома и без тие поволности се од март 2020 година.

Сепак, компанијата планира да се врати во канцелариите подоцна оваа година. Извршниот директор Рут Порат им рече на инвеститорите дека Гугл планира „хибриден” модел – ќе има повеќе простор по работник отколку претходно.

Порат, исто така, нагласи дека Гугл ќе продолжи да инвестира во своите недвижности низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот