„Гугл“ ги ажурираше своите услови за користење на неговите услуги

Простории на Гугл во Кина /Фото: Профимедиа

Новата верзија на условите, која ќе стапи на сила на 31 март, е напишана на поедноставен јазик, но сепак ќе биде прилично сеопфатен документ, и тоа за 2.000 зборови подолг од сегашниот.

„Гугл“ денеска ги ажурираше своите услови за коростење на неговите услуги, за да им овозможи на луѓето да знаат точно со што се согласуваат кога ги користат неговите онлајн услуги.

Новата верзија на условите, која ќе стапи на сила на 31 март, е напишана на поедноставен јазик, но сепак ќе биде прилично сеопфатен документ, и тоа за 2.000 зборови подолг од сегашниот.

Тоа ќе биде најголемата измена во договорот за општи услови за употреба од 2012 година. Во текот на изминатите неколку години, „Гугл“ постојано ги ажурираше своите политики и ги менуваше правилата за она што е, и што не е, дозволено на неговиот пребарувач, бидејќи технолошката индустрија станува се повеќе предмет на тестирање ширум Европа и САД.

Гугл, Фејсбук, Твитер и други дигитални компании се најдоа во центарот на вниманието, кога регулаторите и клиентите почнаа да испитуваат колку точно тие компании знаат за своите корисници и што прават со тие информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот