Груби: Ние сме на вистинскиот пат

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Нашите предци се бореа за слобода и успеаја пред 119 години во Крушево, обединети околу идеалот за слобода и еднаквост. И денес ги имаме истите идеали, збогатени со интеграцијата како следна битка за да ја заокружиме Републиката со сите свои атрибути, порача првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби во честитката по повод државниот празник 2 Август – Илинден.

„Ние сме на вистинскиот пат, во правата насока, онаа на европската и евроатлантската припадност, градење и почитување на еднаквоста меѓу нас. Пред 119 години водевме битката за слобода, вчера ја водевме битката за еднаквост, денес водиме битка за иднината и на наша страна ги имаме сите проевропски и проевро-американски домашни сили кои сакаат интеграција во Европската Унија и напредок. Среќен нека ни е Илинден“, посочува Груби во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот