Грк и Полјак фатени во Мариово со сомнителна опрема

Мариово / Фото: Марио Шаревски / Википедија

Двајца млади луѓе, Грк и Полјак, биле запрени од полицијата во Мариово, при што полицијата пронашла опрема за која немаат документација, соопшти МВР, без да прецизира за каков вид опрема станува збор.

„На 27.01.2022 во 20.30 часот на регионалниот пат с.Витолиште-Прилеп, атар на с.Дуње, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Старавина запреле патничко возило „Ауди А3″, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(38) од Република Грција, во кое совозач бил Л.М.(28) од Полска. При преглед во возилото била пронајдена опрема за која немале соодветна документација“, се вели во соопштението.

Двајцата биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот