ГРЕТА ЗА КРИТИКИТЕ КОН НЕА: Тие напади значат страв од младите кои носат промена

Грета Тунберг/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Во изјава за Радио Би Би Си таа оцени дека тие напади се „баш смешни”.

Климатската активистка Грета Тунберг денеска изјави дека оние кои ја напаѓаат, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп се уплашени од младите луѓе кои носат промени, кои тие не ги сакаат.

Во изјава за Радио Би Би Си таа оцени дека тие напади се „баш смешни”.

– Тие очигледно ништо не значат, односно претпоставувам и дека нешто значат. Тие напади значат дека се уплашени од младите кои носат промени, кои тие не ги посакуваат. Тоа е доказ дека ние нешто работиме, па тие нè гледаат како некаква закана, потенцираше Тунберг.

Минатиот месец кога „Тајм” ја прогласи за личност на годината, Трамп и порача да „олади” и да поработи на контрола на бесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот