Гренел поднесе оставка од амбасадорското место во Германија, Трамп му подари фотеља

Гренел е поставен за посредник меѓу Белград и Приштина, а веднаш по именувањето издејствуваше договор за обнова на железничкиот сообраќај.

По неколку најави и демантирање на истите, Ричард Гренел и официјално поднесе оставка на местото амбасадор на САД во Германија, објави Дојче Веле.

„Амбасадорот Гренел поднесе оставка на 1. јуни“, рече портпаролот, пренесе ДВ.

Гренел на својот Инстаграм налог објави дека поднел оставка.

Откри дека при заминувањето од Стејт департментот претседателот на САД Доналд Трамп му ја подарил својата кабинетска фотеља.

Гренел е поставен за посредник меѓу Белград и Приштина, а веднаш по именувањето издејствуваше договор за обнова на железничкиот сообраќај.

Уште тогаш се говореше за тоа дека енергичниот бирократ би можел да добие уште позначајна улога и дека „го надминал“ своето место на амбасадор во Берлин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот