Гренел официјално поднесе оставка на позицијата во Стејт департмент

Фото: KEVIN DIETSCH / EPA

Ричард Гренел официјално поднесе оставка на позицијата во американскиот Стејт департмент.
Гренел синоќа на својот Инстаграм профил напиша дека претседателот на САД, Доналд Трамп, во претседателскиот кабинет му врачил подарок.

Гренел неодамна го напушти местото на амбасадор на САД во Берлин, а неговиот портпарол Дик Кастин потврди тогаш за „Танјуг“ дека Гренел ќе остане специјален претставник на претседателот на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Медиумите пред неколку денови пишуваа за тоа дека Гренел ќе се вклучи во медиумскиот тим на Трамп за изборите, но тој тоа го демантираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот