Гренел на Косово доби орден од Тачи и изрази поддршка на договорот и на народот (ВИДЕО)

epa08687051 Advisor to the USA President on Kosovo-Serbia Richard Grenell (C), Adam Boehler (L), CEO of US International Development Finance Corporation and Prime Minister of the Republic of Kosovo Abdullah Hot (R) talk to the media during a joint press conference following their meeting in Pristina, Kosovo, 21 September 2020. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот на Косово и Србија, Ричард Гренел изјави вечерва во Приштина дека посетата на високата делегација на неговата земја на Косово е доказ на посветеноста кон оставрувањето на договорот од Вашингтон, јавува Бета.

„Дојдовме да докажеме посветеност кон договорот за економска нормализација. Знаеме дека во минатото многу му се ветуваше на Косово и сакаме да се заложиме дека примената на договорот ќе биде продолжена“, рече Гренел по состанокот со премиерот на Косово Авдулах Хоти.

Рече и дека администрацијата на претседателот Трамп не сака празни зборови.

„Сакаме да му покажеме на народот на Косово, кој е наш сојузник, дека сме со вас. Сакаме да помогнеме во отворањето на работни места за да ги надминеме старите политички прашања“, рече тој.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти оцени дека посетата на американската делегација на Косово ја открива „одлучноста и сериозноста на Трамп и сите негови соработници за остварување на договорот“.

Хоти рече на состанокот дека поопширно е разговарано за сите точки на договорот.

„Чест ми е да кажам дека брзо ќе тргнат кон спроведување на овој договор. Создаден е нов замав“, рече премиерот Хоти.

Извршниот директор на Американската корпорација за финансирање на меѓународниот развој Адам Белер рече дека со оваа посета ја покажуваат својата сериозност кон потенцијалните инвестиции и пружањето поддршка на пријателите на Косово.

Тачи го одликуваше Гренел

Косовскиот претседател Хашим Тачи го одликуваше вечерва специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел со претседателски медал за заслуги.

Тачи на својот Фејсбук профил објави дека тоа го направил, ценејќи го придонесот на Гренел кон дијалогот меѓу Белград и Приштина, пренесува Газета Експрес.

„Она што другите не го направија, Гренел го направи брзо и добро. Договорот од Белата куќа ќе донесе мир и стабилност на Косово и во регионот“, рече Тачи.

(Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот