Грен слем податок кој вели дека Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Со пласманот во финалето на Ролан Гарос, најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на грен слем натпреварувањето и дефинитивно покажа дека е најдобар на сите времиња.

Српскиот ас е првиот тенисер кој има шест или повеќе финалиња на сите грен слем турнири и го престигна Швајцарецот Рожер Федерер, кој остана на второто место на оваа листа.

Ноле играше деветпати во финалето на „Австралија опен“, осумпати на „УС Опен“, шестпати на „Вимблдон“, додека во недела ќе биде на теренот во Париз по шестипат во битката за трофејот. Потсетување дека негов ривал во финалето во францускиот главен град ќе биде Гркот Стефанос Циципас.

Федерер беше 12 пати во финалето на „Вимблдон“, седум на „УС Опен“ и „Австралија Опен“, додека во Париз петпати беше финалист и еднаш победи. Што се однесува до Надал, тој петпати играше финале во Мелбурн, Њујорк и Вимблдон, додека на „Ролан Гарос“ е апсолутен рекордер со 13 финалиња.

Прво грен слем финале за Циципас, елиминиран Зверев

Во трката за најдобар на сите времиња помеѓу Ѓоковиќ, Федерер и Надал зборуваше и тенискиот аналитичар Матс Виландер:

– Новак може да го освои 19-от грен слем после Париз, а по „Вимблдон“ можеме да имаме тројца играчи со 20 грен слема. Мораме да започнеме да зборуваме околу најдобриот на сите времиња – рече Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот