Грција: Турската операција во Сирија ја поткопува стабилноста во регионот

Фото: Профимедиа
Грција целосно се согласува со позицијата на Европската унија, ја осудува новата еднострана воена акција на Турција на територија на суверена држава и ја повикува веднаш да стави крај на воените операции во североисточна Сирија, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР велат дека операциите што го прекршуваат меѓународното право, “ја поткопуваат стабилноста во регионот и ги стават во опасност напорите на ОН за решение”, но и дека префрлањето на населението и насилната промена на демографските факти се директно кршење на меѓународното право.
-Потрнцираме дека одржливо решение за сирискиот конфликт не може да се постигне со воени средства – пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со воената операција на Турција во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот