Грција ја совлада Чешка, познати четвртфиналните двојки на Европското првенство

Јанис Адетокумбо ја водеше Грција до победа над Чешка/Берлин, Германија/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Малку недостасуваше и последниот осминафинален натпревар на Евробаскет 2022 да заврши со идентичен резултат како на останатите три од денешната програма.

Грција триумфираше во Берлин со 94:88 над Чешка, а потсетување дека со ист резултат од 94:86 денеска славеа Полска, Финска и Италија.

Грците беа предводени од одличниот Јанис Адетокумбо кој запиша 27 поени, 10 скокови и пет асистенции.

Кај Чесите Јан Весели постигна 21 кош, а четири помалку имаше Војтех Хрубан.

Комплетирани се четвртфиналните двојки на континенталниот собир, бранителот на титулата Словенија ќе се соочи против Полска.

Европско првенство 2022

Четвртфинале, двојки –

13 септември
Германија – Грција
Шпанија – Финска

14 септември
Словенија – Полска
Франција – Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот