Неверојатно: Денеска три меча на Евробаскет 2022 завршија со ист резултат

Италија ја совлада Србија во осминафиналето на ЕП/Берлин, Германија/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Во осминафиналната фаза на Европското првенство репрезентацијата на Италија ја совлада Србија со 94:86 на паркетот во Берлин.

Интересно е тоа што со истиот резултат денеска завршија и претходните два денешни натпревари, Полска – Украина (94:86) и Финска – Хрватска (94:86).

Недоволна беше новата одлична партија на српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 32 поени и 13 скокови.

На спротивната страна најрасположени кај Италијанците беа Марко Спису со 22 поени (шест асистенции) и Николо Мели со 21 поен (шест скокови).

Италија за пласман во полуфиналето на Евробаскет 2022 ќе игра против Франција која во саботата ја совлада селекцијата на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот