Грчките адвокати штрајкуваат против новиот закон на Владата

Грчкиот Парламент во Атина / Фото: EPA-EFE/CHRISTINA ZACHOPOULOU

Адвокатите во Грција од денеска до следниот понеделник не ги извршуваат нивните должности во знак на протест против новиот закон на Владата во однос на даноците и новите начини на оданочување.

Во петокот, претседателите на адвокатските комори одржаа состанок и одлучија да предложат целосно отсуство на адвокатите од вршењето на должностите, со исклучок на одредени случаи и судски процеси.

Паралелно, најавија дека ќе собираат потписи од адвокатите од целата земја, ќе испратат допис до грчкиот премиер, закажаа протест пред Парлалемнтот на денот на гласањето на законот, а в четврток ќе одржат нов состанок за да ги одредат нивните следни чекори.

Во соопштението велат дека паднал во вода секој обид за дијалог бидјќи „Владата избра даночна рација наместо да се бори против даночното затајување, уништување на малите и средни бизниси наместо да ги поддржува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот