Граѓански протест пред ОЈО: Имаат стотици пријави против правни субјекти, ги држат во фиока

Ана Глигорова, здружение „Но пасеран“/Фото: Скриншот

Здруженијата „Но пасаран”, „Човекот над профитот” и „Стоп за грабежот” денеска протестираа пред Основното јавно обвинителство барајќи од обвинителите да реагираат по допрен глас и по материјалните докази за сторени кривични дела.

– Застанати сме пред Основното јавно обвинителство, кој е самостоен орган и треба да ги гони сторителите на кривични дела. Знаеме дека во Македонија се случуваат незаконски извршувања за кои има и материјални докази. Тие материјални докази се докази од судовите – Апелацискиот суд Скопје, Апелацискиот суд Гостивар, од Штип, од основните судови каде што се докажани нерегуларности во пренаплатување на долгови, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот”.

Вели дека во ОЈО има стотици пријави против правни субјекти, но ги држат во фиока.

Според Марјан Ненов од здружението „Но пасаран”, главниот проблем е немањето одговорност.

– Ако сте криминалец и сакате лесно да поминете, да немате одговорност за своите злодела, тогаш ќе си го купите судството. Или ќе ги купите поединечно судиите или преку претседателот на судот и тогаш нема да одговарате пред лицето на јавноста. Ретки се оние чесни судии кои работат спрема законот, рече Ненов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот