Градска болница доби нова донација од 50 илјади евра за опрема

Болница Свети Наум Охридски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ доби донација од Агенцијата за катастар на недвижности од 50.000 евра која ќе биде искористена за купување опрема.

-Средствата од добиената донација нашата клиника ќе ги намени за купување на нова оперативна маса, со што непосредно ќе се влијае на подобрување на условите во кои се извршуваат хируршките интервенции, кои секојдневно се реализираат во нашата клиника, велат од болницата.

Оттаму додаваат дека изминатите четири години, вкупно имаат добиено донации во вредност од над еден милион евра, кои Клиниката ги има добиено благодарение на посветената работа и проактивноста на менаџментот на клиниката. Истите се реализирани преку соработка со повеќе државни институции, компании и физички лица, а сите донации се искористени за подобрување на условите и услугите кои се пружат во установата. Од постигнатите резултати може да се види ефикасното менаџирање, а тоа се должи на компактноста на установата и професионалноста на вработените, велат од болницата.

Се додава дека „преку вакви позитивни примери, кои директно влијаат на заштита на општото добро и зголемување на довербата во јавното здравство, ги стимулираат и воедно повикуваат сите други државни институции и компании, како и физички лица, да го следат овој позитивен пример и да се продолжи трендот на донирање средства и соработка со нашата клиника, а сѐ со крајна цел – обезбедување на современи услови за лекување и третман на сите пациенти кои ги користат нашите услуги“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот