Градежен работник од Албанија падна од објект во изградба во Чаир и почина

скопје градежник зграда работник градежништво згради
Градежен работник на скопски објект / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Градежен работник од Албанија кој работел на објект во изградба во Чаир вчера паднал од висина и починал.

Вчера во 22:45 часот било пријавено дека на подрачјето на Чаир во објект во изградба при извршување на работни обврски Н.П.(41) од Албанија паднал од висина и починал, соопштија од МВР.

За случајот се известени Јавен обвинител и трудов инспектор, кои излегле на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот