Грабар-Китаровиќ: Не се созреани услови за поставување на кирилични табли во Хрватска – Слободен печат
ВестиРегион

Грабар-Китаровиќ: Не се созреани услови за поставување на кирилични табли во Хрватска

Српските одборници на градоначалникот на Вуковар му доставија Предлог- статут напишан на кирлично писмо. Градоначалникот го искинал и потоа го изгазил

Хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ изјави дека не се созреани услови за поставување на кирилични табли на институциите низ Хрватска, потенцирајќи дека во моментов е многу поважно да се решат некои други проблеми, како што е овозможување на сите граѓани да остварат право за добивање на работно место.

Претседателката Грабар Китаровиќ изјавила: „Во овој момент се уште не се созреани услови за поставување на табли со кирилично писмо.

Уставниот закон за националните малцинства предвидува сите права да бидат во функција на соживотот помеѓу мнозинскиот хрватски народ и малцинствата кои живеат во Хрватска, односно треба да се почитуваат правата на мнозинскиот хрватски народ“.

Таа додаде и дека како претседател напорно работи на мирна реинтеграција за која има и видливи резултати. Хрватите и Србите според неа се договориле на заеднички живот, а Хрватска прва покажала дека не сака војна туку соживот.

Изјавата на Грабар Китаровиќ се однесува на најновиот инцидент кој вчера се случи во Вуковар, кога градоначалникот на градот, го изгазил Предлог-статутот на претставниците на Србите во Хрватска, кој бил напишан на кирилица.

Имено, претставниците на српското малцинство застапени во Градската управа на Вуковар, иницираа донесување на закон, со кој во Вуковар и околината, покрај латинично, таблите на институциите на Општината да бидат напишани и со кирилично писмо.

Раководејќи се од фактот дека во оваа општина живее српско население тие ја покренаа иницијативата, но беа надгласани од страна на другите хрватски партии.

Српските одборници застапени во градскатата управа му доставиле на градоначалникот на Вуковар документ, односно предлог статут напишан на кирлично писмо. На него било напишано:„Подобро да се разбереме”,што е воедно и слоганот на српските партии во Хрватска што се залагаат да се тргне забраната за употреба на кириличното писмо.

Градоначалникот кој е од редовите на владеачката ХДЗ, ова го разбрал како провокација и заради тоа го искинал документот и го фрлил на земја.

Официјален Белград изрази загриженост поради инцидентот укажувајки дека неказнувањето на кршењето на законите за првата на српското малцинство во Хрватска, може да ги засили ,, неоусташките модели на однесување “.

-Владата во Загреб мора да изнајде напори и да им овозможи на Србите во Хрватска да ги остварат своите идентитетски обележја на српската култура, се вели во реакцијата на Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close