Ѓорѓе Балашевиќ преку видеопорака ѝ се обрати на јавноста: Имам една добра и една лоша вест! (ВИДЕО)

Facebook

Ѓорѓе Балашевиќ имаше операција на срцето и сега првпат ѝ се обрати на јавноста откако излезе од болница, во видеопораката што ја објави неговата ќерка Јелена Беба Балашевиќ.

„Имам две вести, една добра, една лоша. Добра вест е што не умрев, а лошата што тоа не е скок во височина, дека имаш три обиди, туку имаш неограничен број обиди“, се пошегува Балашевиќ.

„Бев четири дена во болница, не беше операција на отворено срце, само малку ме дотераа“, рече тој, па додаде:

„Докторите беа фер. Обично кога одам на доктор нешто ми вадат, сега првпат добив четири стентови. Рекоа дека ќе можам да трчам, јас не верувам. Не ме прашувајте дали сум добро, не можам да бидам добро, имам 100 години, ама се надевам дека ќе продолжиме таму каде што застанавме“, рече Балашевиќ.

🙂

Publiée par Beba Balasevic sur Lundi 9 décembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот