Горан Самарџиев нов тренер на КК Работнички

Фото: КФСМ

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив го избра Горан Самарџиев за нов тренер за продолжение од сезоната.

Самарџиев пристигнува да го гаси пожарот кој настана по поразот во дербито со МЗТ Скопје. По тој пораз Mираковски доби отказ, а Самарџиев кој во минатото беше член на Работнички како играч ќе добие шанса да биде тренер.

Како конкурент на Самарџиев се споменуваше екс-македонскиот селектор Јорданчо Давитков, но на крајот изборот падна на доскорашниот тренер на Комарно од Словачка.

Самарџиев претходно во Македонија го водеше тимот на Еуро Никел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот