ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО ЧИЛЕ: Над 15 загинати и 239 лица повредени

Најмалку 15 лица загинаа во последните четири дена од протестите во Чиле поради зголемувањето на цената на јавниот превоз.

– Најголем дел загинале во пожари или при грабежи на трговски центри во Сантјаго и други населени места, изјави денеска заменикот министер за внатрешни работи Родриго Убија. Тој прецизираше дека три од жртвите во престолнината се застрелани.

Во протестите, кои прераснаа во насилства повредени се 239 лица, меѓу кои и 50 војници или полицајци. Досега се приведени околу 2.200 лица.

Поради протестите, претседателот Себастијан Пинера денеска свика лидерска средба заради разработување на идејата за социјален пакт, кој ќе ги обедини политичките партии во барањето на најдобрите можни решенија за проблемите кои ги засегаат Чилеанците.

Прочитајте и...  Продолжија протестите во Лондон по смртта на Џорџ Флојд

Од петокот навечер во Сантјаго, како и во девет од 16 провинции во земјата, во сила е вонредна состојба. Трета ноќ по ред во чилеанската престолнина има полициски час, кој трае од 20 часот до шест изутрина. Близу 10.000 полицајци и војници се распоредени по чилеанските улици, што е првпат од крајот на диктатурата на генерал Аугусто Пиноче (1973-1990).

Повик за протести денеска упатија и 18 чилеански синдикати и организации. Штрајкови и протести ќе бидат одржани и утре и задутре.

Протестите започнаа поради зголемувањето на цената на билетите за метрото во Сантијаго – одлука која претседателот подоцна ја повлече. Сепак, протестите продолжија, поттикнати од народното незадоволство од економските и социјалните услови во земјата и нееднаквоста.

Прочитајте и...  Американски крисници колективно го тужат Гугл и бараат пет милијарди долари

Метрото, со кое патуваат околу три милиони луѓе секој ден, сè уште е затворено, откако во петокот демонстрантите упаднаа и оштетија 78 станици . Штетата се проценува на над 300 милиони долари. Вчера, само една од седумте линии на подземната железница делумно ја обнови работата.

Наставата е во прекин во речиси сите училишта и универзитети во Сантјаго. Во меѓународниот аеродром, чилеанско-бразилската авиокомпанија ЛАТАМ инсталираше десетици кревети на склопување за патниците кои се блокирани во зградата од почетокот на протестите поради откажување или одложување на нивните летови.

Прочитај повеќе

Шпанија ги отвора границите за туристите од безбедните земји

Слободен печат

Уредување и разубавување на улицата на Тоше во Крушево

Слободен печат

Трагичен крај на потрагата: Киднапираната мексиканска конгресменка пронајдена мртва

Слободен печат

Авганистан и Талибанците во фокусот на Русија, Кина, Пакистан и САД

Слободен печат

Затворањето на границите ќе ја скрши економијата: Грчките лекари загрижени по пристигнување на заразени патници од Катар

Слободен печат

Во Вашингтон шести ден протести против расизмот и полициското насилство (ВИДЕО

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект, внатре бил претседател на политичка партија (ВИДЕО)

Слободен печат

Армијата ќе учествува на мировна операција во Либан

Слободен печат

Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

Слободен печат

Меланија се насмевна по барање на Трамп, повеќе не изгледа како киднапирана покрај него (ВИДЕО)

Слободен печат

Лукашенко ја распушти Владата на Белорусија

Слободен печат

Филипче: Рестрикцијата на движењето дополнително ќе помогне во идентификување на контактите

Слободен печат