Голема трагедија во Хрватска: Загинаа двајца млади спортисти (ВИДЕО)

фото: принтскрин/youtube/24sata

Голема трагедија во Хрватска се случи во понеделникот во вечерните часови, кога животот во Задар го загубија двајца млади спортисти, Јосип Бепо Кадија и Јосип Бркљачиќ, откако со автомобил „ауди“ излетаа од патот и завршија во морето. 

Зад воланот бил Јосип Бепо Кадија кој имаше 19 години и беше талентиран ракометар на Загреб, додека 16-годишниот Бркљачиќ играше фудбал за екипата ХНК Примор од Биоград.

И безбедносните камери од брод го фатија трагичниот момент во кој се гледа како автомобилот вози со голема брзина и истиот влета во морето.

Тие не биле сами во автомобилот, несреќата ја преживеале нивни двајца пријатели, а на видеото се гледа како маж и жена, но и еден човек на велосипед во последен час ја избегнуваат несреќата. Од сопатниците, едно од момчињата е потешко повреден, а другото е надвор од животна опасност.

Ни рекоа дека Бепо возеше над 100 километри на час – беа зборовите на неговата сестра во изјава за хрватските медиуми.

Крешимир Шкара, 22-годишното момче кое успеало да помине без потешки повреди, успеал сам да се извлече од автомобилот и некако успеал да исплива до брегот.

„Тој сам исплива до брегот. Му подадоа рака и му помогнаа да излезе. Слушнав само како рече „уште тројца се внатре“, а потоа со амбулантно возило го однесоа во болница. Никој од нас што бевме на лице место не скокна во морето затоа што беше многу темно, ништо не се гледаше, а беше и длабоко. Автомобилот многу брзо потона, немаше ни 30 секунди“, изјавил очевидец кој ловел риба недалеку од местото на несреќата за хрватски 24сата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот