Голема полициска акција кај Богородица, запленета дрога вредна 200 000 евра

Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Голема полициска акција е во тек на југот од земјата, во непосредна близина на граничниот премин Богородица, дознаваме од извори во истрагата.

Според нашите информации запленета е марихуана вредна околу 200 000 евра. Уапсени се пет лица, тројца албански државјани и двајца македонски државјани.

Од МВР само потврдуваат дека е во тек акција за заплена на дрога, а детали најавуваат за утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот