Најмалку 11 луѓе загинале во рушење на брана во рускиот регион Краснојаск, Сибир.

Браната во технолошкиот резервоар во рудникот за вадење злато се урнала утрово околу 6 часот во близина на населеното место Сетинкино.

Поплавени се две привремени простории за спиење.

Руското министерство за вонредни ситуации испратило спасувачи од соседните региони на местото на инцидентот за да помогнат во санирање на катастрофата. Истрагата за причините за инцидентот е во тек.